Србин кога ќе се налути: Теодосиќ збесна, па тргна да го тепа - судијата (ВИДЕО)

Италијанскиот тим Виртус Болоња загуби во синоќешната пресметка со Реџо Емилија (67-77), во меч од Серија А, кој ќе биде запаметен и по дивеењето на српскиот репрезентативец, Милош Теодосиќ.

Тој пред самиот крај доби техничка грешка, а потоа и исклучувачка, по што вербално го нападна судијата буквално внесувајќи му се в лице. Прашање е како инцидентот ќе се завршеше ако Теодосиќ не беше тргнат од неговите сонародници, Стефан Марковиќ и тренерот Александар Ѓорѓевиќ.

Фантастичниот плејмејкер немаше свој ден, па за 25 минути на теренот постигна само девет поени со очаен шут од поле (4/14).