
Бурно дерби на „Олимпико“: Реми на Лацио и Интер – и во голови и во црвени картони (ВИДЕО)
Интер водеше по првото полувреме, Лацио израмни брзо во вториот дел, по што до крајот мрежите мируваа, а се броеа исклучувањата. Прво, Чиро Имобиле доби црвен картон на средина од вториот дел, што „нераѕурите“ не го искористија во тие 20-на минути, пред Стефано Сенси предвреме да го заврши мечот.
Лаутаро Мартинез донесе водство по пола час игра, а Сергеј Милинковиќ-Савиќ израни десет минути по стартот на вториот дел.
Во другите два меча од овој пладневен термин, Беневенто ја победи Болоња со 1-0, а со ист резултат Парма славеше дома против Верона.
Интер со бодот сега има седум, два зад лидерот Аталанта која има максимален ефект, додека за Лацио ова беше четврти бод во новата сезона по три одиграни кола.