Шалке експресно најде нов тренер и тоа младинскиот селектор на Германија!

Бундеслигашот Шалке од денеска има нов тренер, откако управата на клубот го именува доскорешниот селектор на репрезентацијата на Германија за играчи до 18 години, Мануел Баум (41 година), за наследник на отпуштениот Давид Вагнер.

Екипата лошо ја почна сезоната, со два порази и тоа од Баерн Минхен (0-8) и Вердер (1-3), по што следуваше експресна реакција и носење на свежа крв. Дел од неговиот нов стручен штаб е и поранешниот дефанзивец на овој клуб, Налдо.

„Убедени сме дека Баум е одлично решение за Шалке и како тренер и како личност. Сакаме да ѝ заблагодариме на германската федерација што толку брзо реши да ни го отстапи“, изјавија од Шалке.

Станува збор за поранешен тренер на Аугсбург, чиј најголем конкурент за тренерското место во Шалке бил Димитриос Грамозис.