Уапсен НБА-кошаркар кај кого биле пронајдени - марихуана и украдени предмети!

Американските медиуми пишуваат дека Малик Бизли, кошаркарот на Минесота тимбервулвс, бил уапсен во саботата, по што беше испратен во притвор.

Постои сомнеж дека Бизли бил уапсен поради тоа што имал марихуана и украдени предмети, но полицијата на откри повеќе детали за случајот.

„Запознаени сме со ситуацијата во која е вмешан Бизли и во моментов собираме информации за случајот“, објавија од неговиот клуб.

Бизли требаше да биде во притвор 24 часа, и тоа без кауција, но неговиот адвокат за „Атлетик“ изјави дека кошаркарот е пуштен на слобода.