„Шкендија загуби, ама таа е победникот од дуелот со Тотнем!“

Фудбалерите на Шкендија пружија далеку посилен отпор од што било кој очекуваше во вечерашната пресметка со Тотнем (1-3) во меч од 3. квалификациско коло од Лига Европа, поради што тренерот на овој тим, Ернест Ѓока, потенцира дека неговиот состав всушност излегува како побендик.

Тој воедно потенцира дека неговите избраници со многу емоции влегле во овој натпревар.

„Игравме со гигант и затоа влеговме со многу емоции во мечот. Задоволен сум од пристапот и играта на моите фудбалери. Постигнавме гол, а можевме и уште еден. Јас уште против Ботошани изјавив дека каков и да биде резултатот, Шкендија нема да изгуби и тоа денеска се покажа како вистина. Игравме израмнет меч, а во моменти бевме и подобри, но одличните измени на Тотнем беа клучот за нивниот триумф“, изјави Ѓока.