Нов шок за Каталонците: Барса нема 30 милиони евра за да го купи Депај!

По речиси едномесечната сга со (не)заминувањето на Лионел Меси, управата на Барселона одново е во центарот на вниманието, овој пат поради признанието дека во моментот немаат пари да го купат Мемфис Депај.

Тој беше првата желба на новиот тренер Роналд Куман и веќе сите го видоа напаѓачот на Лион на „Камп Ноу“, но вечерва следуваше студен туш. Првиот човек на францускиот прволигаш, Жан-Мишел Ола ги прокоментира гласините на Твитер објавувајќи ја тажната вест за навивачите на Барса.

„Претседателот на Барселона завчера ми кажа дека неговиот клуб е погоден многу од коронавирус-кризата и во моментов е невозможно да достави понуда“, гласеше пораката на Ола, заедно со веста во која се вели дека Мемфис Депај оди во Каталонија за 30 милиони евра.