Бока јуниорс ќе игра во Копа Либертадорес, иако има позитивни фудбалери на ковид-19

Двајца фудбалери на Бока јуниорс беа позитивни на ковид-19 на почетокот на месецов, но и покрај тоа им беше дозволено да играат во Копа Либертадорес против Либертад во Парагвај.

Сите позитивни фудбалери се во двенеделен карантин според препораките, но и по новите тестирања се појавија членови на клубот кои го имаат вирусот.

КОНМЕБОЛ даде дозвола за Бока да замине во Асунсион, а конечната одлука ја кажа и Министерството за здравје на Парагвај, па така му беше одобрено на гигантот од Буенос Аирес да мине граница и со тие кај кои тестот е позитивен.

Ова предизвика бес кај екипата на Либертад, која го обвини КОНМЕБОЛ и Министерството за здравје на Парагвај дека не ги почитуваат протоколите во кои јасно е порачано дека позитивните фудбалери на вирусот не може да патуваат со екипата.