Меси со официјално соопштение по повод клаузулата од 700 милиони евра

Лионел Меси објави официјално соопштение во кое негира дека откупната клаузула од 700 милиони евра во неговиот договор е во сила. 

Барселона инсистира дека Аргентинецот не може да го раскине договорот еднострано и дека клаузулата за такво нешто истекла на 10 јуни, па сега во сила е откупната клаузула од 700 милиони евра. Истото го потврди и Ла Лига, која застана во одбрана на Барселона.

Денеска Меси испрати соопштение до Ла Лига преку својот такто и агент, Хорхе тврдејќи дека клаузулата е невалидна. Фудбалерот на Барселона и натаму тврди дека на сила стапува претходната клаузула со која може да си замине како слободен фудбалер по завршувањето на сезоната.

Во нормални услови сезонава официјално завршува на 30 јуни, па доколку Меси ги информирал челниците на Барселона десет дена пред овој датум дека сака да си замине, тие не можат да направат ништо да го задржат. Во овој случај фудбалерот побара раскин на договорот на 25 август, но верува дека е слободен агент, бидејќи сезоната оваа година беше пролонгирана и заврши кон крајот на август и го испочитувал договорот.

„Ние не знаеме кој договор тие (Ла Лига) го анализирале и кои се нивните основи на кои тие заклучиле дека постои откупна клаузула (700 милиони евра), која се применува во случај фудбалерот да побара едностран раскин на договорот пред крајот на натпреварувачката сезона 2019/2020“, стои во дел од соопштените.

Од таборот на Меси и натаму тврдат дека не постои никаква клаузула од 700 милиони евра кога влегува во последната година од својот договор со Барселона.