
Македонскиот Фелаини во следните четири години ќе игра за грчки Арис!
Тимот од Солин веќе неколку месеци го скаутира репрезентативецот на Македонија за играчи до 19 години и најверојатно ќе дочека да го ангажира, без разлика што за него беа заинтересирани и далеку пореномирани екипи. Преговорите се веќе завршени и прашање е на часови кога ќе биде официјализиран неговиот трансфер во соседството.
Адем, кој поради фрузирата е нарекуван и „Македонскиот Фелаини“ е последен од талентираната генерација на Вардар, која присилно се распадна, откако едне по еден бараа и добиваа раскини на договорите на штета на клубот поради неисплатени плати. Тој беше поврзуван со трансфер во Фенербахче, Кашимпаша, па и Спортигн Лисабон, а во последно време се говореше дека сезоната ќе ја одигра во дресот на Шкупи.
Грците го претставуваат како еден од најголемите таленти на македонскиот фудбал, од кого кај нас многу се очекува во иднина, поради што решиле да го задржат на подолг период. Адем минатата сезона настапи на 41 натпревар, на кои даде три гола и имаше една асистенција.