Работнички ја намачи Шкендија, но бодовите останаа во Тетово (ВИДЕО)

Eкипата на Шкендија по поразот од Арсими во минатото коло (3-0) денеска им се врати на победите славејќи триумф над Работнички со минимални 1-0.

Одлучувачкиот момент се случи многу рано уште во петтата минута кога Фабрис Тамба најдобро се снајде во шеснаесетникот и со еден одличен удар ја затресе мрежата на гостите од Дебар Маало.

Во продолжение од натпреварот гледавме еден дуел без многу прилики за гол, Работнички имаше свои шанси да го избегне поразот, но не го искористи. Во финишот и се затресе мрежата на тетовци, меѓутоа тој гол беше поништен поради недозволена позиција.

За Работнички ова е продолжување на кризата, тимот е претполеден на табелата со само седум бода и една победа од стартот на сезоната. Не помогна ниту смената на тренерот и новиот предводник Ален Тупајиќ го претрпе вториот порз во вториот натпревар на кормилото.