Чупиќ: Утре уште еднаш да покажаме како Вардар сака да игра!

Ракометарите на Вардар откако веќе го озбезбедија пласманот во нокаут фазата од Европската лига утре ги очекува дуел против Тулз во кој немаат посебен резултатски императив.

Без разлика на тоа што главната задача е завршена, Чупиќ порача дека неговите фудбалери ќе дададат се од себе за победа пред домашната публика.

„Зад нас е добра недела во која имавме, две важни победи во Европската лига и домашното првенство со Охрид. Сега ни доаѓа Тулуз кој нема натпреварувачки предизвик. Играме дома, се подготвивме добро и сакаме да останеме непоразени. Уште еднаш да им покажеме на навивачите како Вардар сака да го игра секој натпревар. Секогаш кога го браниме овој дрес го оставаме срцето на тереот.

Сите во тимот даваат 300% од своите можности, кога сте дел од клуб како Вардар, нема неважен натпревар. Ниту пријателските не беа важни, ама не ни беше лесно кога губевме. Моето размислување е дека секој меч пред нашите најдобри навивачи на свет мора да одиграме на ниво, да го почитуваме противникот и себе. Амбициите на Вардар секогаш се исти, секој трофеј треба да се освои, секој натпревар да се добие, а секој пораз е трагедија, депресија и проблем“, порача Чупиќ.

Покрај Чупиќ пред новинарите зборуваше и ракометарот Марио Стојановски.

„Го анализиравме Тулуз и сега замислите на стручниот штаб треба да ги спроведеме на теренот. Веруваме во победа“, порача Стојновски.

Утрешниот дуел во СЦ „Јане Сандански“ е закажан за во терминот од 18:45 часот.