Крај на ерата на Матијаж Кек: Словенија добива нов селектор
Ерата на Кек во Словенија беше една од најуспешните во историјата на Словенија, меѓутоа сега по разговорите помеѓу него и раководството било одлучено дека е време за промена.
Кек на клупата на Словенја во овој втор мандат се врати во 2018 година и со него Словенија се пласираше на Европското првенство во Германија каде што дојде до осминафиналето и тоа беше еден од најголемите успеси некогаш на репрезентаацијата.
„Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Словенија и Матјаж Кек по разговорите одлучија да ја прекинат соработката по седум години многу добра и коректна работа, која донесе успех во квалификациите за Европското првенство и осминафиналето“, стои соопштението.
Следниот натпревар на Словенија е дури во март наредната година, па така и сојузот нема да брза со именувањето на негов наследник, засега нема најви кој би можел да биде изборот.