Нема крај за агонијата на еден од најстарите англиски клубови - одземени им се шест бода!

Aгонијата на Шефилд Венздеј во англискиот Чемпионшип ќе продолжи откако лигата ги казни со одземање на шест бод поради кршење на финансиските правила.

Откако претходно во октомври  им беа одземени 12 бодови поради одењето во стечај, сега останаа и без уште шест бодов, пренесува „Скај Спорт“.

Најновата казна доаѓа како последица на неисплатени плати кон фудбалерите во: март, мај и јуни.

Покрај одземените бодови, поранешниот претседатеел Дејпхон Чансири доби забрана да извршува било каква сопственичка или директорска функција во клубот во  наредните три години.

„На Шефилд Венздеј ќе му бидат одземени шест бода поради повеќекратни прекршоци на правилата на лигата кои се однесуваат на обврските за плаќање, при што на поранешниот сопственик на клубот, г-дин Дејфон Чансири, му се забранува да биде сопственик или директор на кој било клуб во Англија во период од три години“, стои во официјалното соопштение.

Со оваа казна клубот се наоѓа на дното на табелата и од -4 бода ќе дојде до -10  со што ќе заостануваат дури 23 бода од Норвич кој е пред нив.

Шефилд е основан во 1867 година и тој е петтиот најстар клуб во првите четири англиски лиги.