
Шминкери немало само во Скопје: Во Белград сите се чудат каде исчезнаа 50.000 звездаши (ФОТО)
Вчера Ц. Звезда играше со Спартак Суботица и победи со 1-0, но трибините на најголемиот српски фудбалски стадион зјаеа празни. Официјално на трибините имало 4.100 гледачи. За прволигашки меч, бројката и не е толку срамна, ама на стадион со капацитет од околу 55.000 гледачи тоа делува како жив човек да нема на трибини. Ц. Звезда сезонава има респектабилен тим, освои четири бода во Лига Европа, во игра е и да презими, но публика на мечевите надвор од Европа се помалку има. Причина – никој не знае, ниту може да објасни?
Данашњој утакмици присуствује 4,182 гледалаца. #fkcz #redstarbelgrade pic.twitter.com/95JBDbyUJI
— Red Star Belgrade (@RSBForum) October 25, 2017
Очигледно на Балканот шминкерите и селфи навивачите ги има далеку во поголем број во однос на вистинските навивачи и приврзаници на својот клуб. Не било само во Скопје да се наполни стадионот за некој (по)важен меч и потоа да исчезне публиката. Го имало низ регионов на многу места, а Белград сега е посебен доказ. Пред само две години, кога Ц. Звезда ја освои својата последна титула во просек имаше до 20.000 гледачи, а на мечот за круната над 40 илјади.
Вака беше против Арсенал...
...а вака против Спартак Суботица.
Засега никој не може да најде логично објаснување за празните трибини на стадионите?