Лејкерс го заверија првото место, па го одиграа најужасниот меч сезонава (ВИДЕО)

Најдобриот тим на Западот, Лос Анџелес Лејкерс уште пред два дена го заверија првото место во својата конференција во пресрет на плејофот, па сето тоа до таа мера ги опушти Леброн Џејмс и другарите, за да го одиграат сноќа најлошиот меч во оваа сезона.

Лејкерси загубија од Оклахома во меч без некое значење за нив, но тоа го направија исклучително лошо, зашто дадоа едвај 86 коша, а првпат им се случи сезонава во текот на целиот меч да немаат ниту едно водство. Оклахома ја искористи опуштеноста за убедливо да победи со 105-86, а предводник беше Крис Пол со 21 поен, седум скока и шест асистенции, додека останатите четири старери запишаа двоцифрен кошгетерски ефект.

Бостон го одигра мечот на сезоната и брутално ги растурија Бруклин Нетс, полнејќи им го кошот до врв – 149 поени. Селтикс предводен од Браун со 21 поен, Тејтум со 19 и Хејвард со 18, стигнаа до победа од 149-115 и сега се зацврстија на третото место на Истокот, во пресрет на дербито со Торонто утревечер.

Шампионот Торонто рапторс го победи Орландо со 109-99 и шест кошаркари на првакот беа двоцифрени. Претходно, Србинот Никола Јоќиќ после трипл-даблот пред два дена, повторно имаше блескав ден со 25 поени и 11 асистенции за триумфот со 132-126 против Сан Антонио Спарс, во меч на кој Мајкл Потер беше прв стрелец со 30 поени и 15 скокови.

Резултати: Јута – Мемфис 124-115, Вашингтон – Филаделфија 98-107, Сан Антонио – Денвер 126-132, ЛА Лејкерс – Оклахома 86-105, Орландо – Торонто 99-109, Бостон – Бруклин 149-115.