Инаетот скапо ќе го чини: Маркез повторно ја оперираше раката!
Маркез беше опериран по првпат на 21 јули, откако претходно ја скрши коската на раката на патеката во Херез, а вчера мораше повторно да оди на хируршка интервенција.
„Првата операција беше успешна, но не очекувавме дека плочката која ја користевме нема да биде доволна. Поради стрес во оперираниот дел се случи оштетување, па мораше да има и втора операција. Маркез не почуствува никаква болка“, соопштија од тимот.
Маркез поради повреда ги пропушти првите две трки во шампионатот во Мото ГП, а засега не е познато кога ќе се врати на патеката.