Е. Пелистер им ја исполни желбата на Чкембари, во новата сезона ќе игра и во - зелено-бело (ВИДЕО)

Екипата на Еурофарм Пелистер денеска го објави новиот комплет на дресови со кои ќе се натпреварува во новата натпреварувачка сезона.

Новата колекција на дресови е по мерка на навивачката група „Чкембари“, кои посакуваа од трите комплети еден да биде зелено-бел.

Инаку, клубот утрово го имаше првиот и првиот собир по долгата пауза која настана поради пандемијата на коронавирус.