Тетекс се фузираше со Лабуништа за да се врати во Втората лига

Поранешниот македонски куп-победник и еден од најголемите фудбалски брендови во земјава, Тетекс повторно ќе биде второлигаш, откако „штофарите“ се фузираа со распуштената струшка Лабуништа, искористувајќи ја така отворената шанса на „зелена маса“ да избегнат втора сезона по ред во третолигашкото друштво.

Тетекс лани испадна ов Втората лига како кулминација на кризата во клубот, а по прекинатата актуелна сезона не успеаа да стигнат до првото место во западните групи во третолигашката сезона за да се надеваат на бараж за пласман во ранг погоре, па откако Лабуништа најави уште за време на пандемијата со коронавирус дека згаснува, тетовци го искористија моментот за да се вратат во Втората лига.

За почеток клубот ќе игра под името Лабуништа 2011 Тетово, а овој клуб премина од општинскиот сојуз на Сруга во тетовскиот општински зојуз и вака ќе се натпреварува во првиот дел од сезоната, а потоа од нова година клубот ќе го носи името Тетекс 1953.

Тетовци се двојни освоијувачи на Купот на Македонија, но како и најголем дел од големите имиња во макеоднскиот фудбал доживеа катаклизма со пропаѓање, па сега со ваквото адмонистративно враќање ќе се обидат клубот да го вратат на старите патеки и во блиска иднина повторно да биде дел од елитната Прва лига во земјава.