Македонецот се враќа во Шпанија: Ѓуроски потпиша за Аликанте!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Стојан Ѓуроски, следната сезона ќе го носи дресот на шпанскиот второлигаш Аликанте, со кој денеска потпиша едногодишен договор.

Станува збор за амбициозен тим со желба да се пласира во елитата, откако во минатиот шампионат го освои четвртото место иако беше дебитант во второлигашката конкуренција. За Ѓуроски ова претставува враќање на Пиринеите, каде што претходно играше за Хуеска и Мелилја, исто така во Втората лига.

Крилниот центар мина четири години во Луизијана тек универзитетот во американската НЦАА-лига, по што играше за Левски, Работнички, Кожув, МЗТ Скопје, Карпош Соколи, Блокотехна, а минатата сезона ја одигра во францускиот второлигаш Евре.