Мајорка со „петарда“ го урна ривалот за опстанок во Ла Лига

Мајорка славеше со убедливи 5-1 против најблискиот ривал во борбата за опстанок, Селта во мечот од 33. коло во шпанската Ла Лига, а македонскиот репрезентативец Александар Трајковски заигра од 83. минута.

Будимир од пенал погоди за водство од 1-0, по што Мајорка со уште два гола на паузата меѓу полувремињата замина со вкупни 3-0.

Гостите успеаа преку Аспас да намалат на 1-2, но Будимир и Севилја повторно ја затресоа мрежата на Селта за конечни 5-1.

Мајорка има 29 бодови, односно пет помалку од Селта, која се наоѓа пред самата зона за испаѓање.