Корона-циркузи во Казахстан: До вчера имале 25 заразени, а денеска – сите оздравеле!?

Невиден циркуз излезе тестирањето во казахстански Каисар за само 24 часа откако тренерот на клубот Стојчо Младенов вчера посочи дека 25 фудбалери се болни од Ковид-19, а клубот денеска објави дека – нема ниту еден заразен.

Што се случило во Казахстан никој не знае за еден ден и како тие магично оздравеле, откако Младенов јавно посочил дека десет сениори и 15 младинци од клубот се заразени. Но, експресно клубот демантира, посочувајќи дека тестовите покажале дека нема ниту еден позитивен на коронавирус.

„Целиот тим на Каисар успешно ги мина тестирањата, играчите се во добра состојба и концдиија и подготвени се за продолжение на сезоната“, објави Каисар.

Младенов посочил дека веќе неколку дена има сериозна бројка на болни, но... Сега во Казахстан сите се чудат како фудбалерите магично оздравеле за неколку дена и тоа непосредно пред стартот на сезоната, а други се сомневаат дека се кријат заразени што е шокантно бидејќи можно е сериозно ширење на заразата.

Низа клубови бараа одложување на рестартот на сезоната, зашто во Каспи има деветмина заразени, во Тобол седум.

Во Казахстан бројката на заразени од Ковид е 22.000, а 188 лица починаа од опасниот вирус.