Ѓоковиќ возврати на критиките: Не дозволувајте бродот да потоне! (ФОТО)
Откако турнирот во Задар предизвика неколку заразени тенисери и членовите на нивните семејства, започнаа бројни критики против организаторот Ѓоковиќ.
Многу луѓе од светот на тенисот и спортот воопшто сметаа дека Србинот се однесувал неодговорно поради организирањето на турнири во Белград и Задар, па затоа доби неколку исклучително тешки зборови.
Тој овој пат конечно проговори и ги цитираше зборовите на српскиот патријарх Павле.
Бродовите не тонат заради водата што ги опкружува, туку заради водата што влегува во нив. Не дозволувајте тоа што ве опкружува да влезе и да ве влече на дното, напиша Новак на својот Инстаграм-профил.
Потсетуваме, тој и неговата сопруга Јелена се заразени со вирусот Ковид-19 и во моментов се наоѓаат во изолација. Освен двајцата, по турнирите во Белград и Задар, се заразија Виктор Троицки и неговата бремена сопруга, Григор Димитров и неговиот тренер, фитнес тренерот на Ѓоковиќ, Борна Чориќ...