Уште ова го немавме видено: Новинар земаше изјава од тренер со - џогер! (ФОТО)

Многу работи не се исти во фудбалот по коронавирусот. На стадионите нема навивачи, а освен фудбалерите и тренерите има и по некој новинар.

Изјави по натпреварите се земаат со специјални мерки на претпазливост и од дистанца. Од Англија ни доаѓа најсмешниот момент, кој стана вирален на социјалните мрежи.

Менаџерот на Милвол, Геро Ровет даваше изјава пред џогер. Новинарот за да држи дистанца, својот диктафон го имаше залепено на дршката од џогерот.