Карантинот го „уништи“: Џеси Лингард не личи на себе (ФОТО)
Играчите скоро секоја недела посетуваа фризер, но откако беше прогласен карантин во Англија пред неколку недели, се се смени. Некои фудбалери дури и го прекршија карантинот и ги поканија фризерите во нивниот дом, за што беа сериозно казнети. Но, имаше и многу други кои ја почитувале клупската одлука.
Еден од нив е играчот на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард, кој сега речиси никој не би го препознал. Со долга и бушава коса се „појави“ на Инстаграм, но за пофалба е тоа што не ги прекршил правилата на клубот.