Севилја го враќа Ракитиќ по багателна цена
Неговиот поранешен клуб за кој играше до 2014 година е подготвен да плати 15 милиони евра обештетување за да го врати во своите редови. Впрочем и желбата на самиот фудбалер е да се врати во овој клуб, нешто што најави минатиот месец во изјава за „Марка“.
„Иднината на моето семејство? Порано или подоцна ќе се вратиме да живееме во Севилја, тоа е речиси сигурно“, рече Хрватот.
Ракитиќ (31) изминативе четири сезони во дресот на Барселона запиша 298 натпревари и притоа освои титули во Ла Лига, четири трофеи во шпанскиот Куп и Лига на шампиони во 2015 година..