Ниту Меси, ниту Роналдо: Роже Федерер е најплатениот спортист во 2019 година!
Во последните 12 месеци Федерер заработил 106.3 милиони долари, од кои дури 100 милиони долари од спонзори, вклучувајќи ги „Барила“, „Моет“ и „Кандон“, „Римова“, „Ролекс“, „Кредит Свис“ и „Мерцедес-Бенз“.
Федерер е првиот тенисер кој стана најплатен спортист во светот на годишниот список на „Форбс“, кој е објавен во последните 30 години.
На второ место е фудбалерот Кристијано Роналдо (105 милиони - 45 милиони долари од спонзори, додека на третото место се наоѓа уште еден фудбалер - Лионел Меси (104 милиони - 32 милиони од спонзори). Потоа следува бразилскиот репрезентативец Нејмар (95,5 милиони - 25 милиони од спонзори), а на петтото место е кошаркарската ѕвезда во НБА, Леброн Џејмс (88, 2 милиони - 60 милиони од спонзори).
Кога се во прашање дамите, најплатени се јапонската тенисерка Наоми Осака (37,4 милиони долари) и американската тенисерка Серена Вилијамс (36 милиони долари).