Дортмунд ја продолжува трката за титулата, му дише во врат на Баерн (ВИДЕО)
Стрелци на погодоците вредни три бода беа Гереро во 32. и Хакими во 78. минута од натпреварот. Со оваа победа „милионерите“ се приближија на само еден бод од лидерот Баерн, кој мечот од ова коло ќе го стартува денеска во 18:30 часот.
Во дербито на колото, Баер Леверкузен како гостин беше подобар од Менхенгладбах со 1-3, а Хаверц постигна два од трите гола за својот тим. Со овој триумф Леверкузен го мина денешниот ривал на табелата и сега е трет со пет бода помалку од баварците, четири од „милионерите“.
На преостанатите натпревари, Вердер славеќе кај Фрајбург со 0-1, додека Падерборн ремизираше со 1-1 дома против Хофенхајм.