Роналдо му испрати порака на Кварацхелија: Знам како ти е...
Грузискиот фудбалски мајстор сега го чека долга пауза, а порака со поддршка му испрати и Кристијано Роналдо.
„Најтешките битки во животот често се оние што никој не ги гледа. Знам какво е чувството, Квара. Но, никогаш не заборавај што те доведе дотука. Не дозволувај момент како овој да те натера да се сомневаш во своите можности. Нека твојот оган продолжи да гори. Твоите најдобри изданија допрва доаѓаат“, напиша Португалецот.
Кварацхелија мораше да ја напушти играта по еден час, по судирот со Еспарт. Поранешниот фудбалер на Наполи соиграчите го изнесоа од теренот откако сигнализираше дека не може да го продолжи натпреварот.