Фернандеш удри по Керик: Тоа беше одлука на стручниот штаб!

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш не го криеше разочарувањето по тешкиот пораз од Комо со 4-1 во Лигата на шампионите.

Но, одговарајќи на прашањето за тактичките замисли и зонската одбрана покрај езерото, која на крајот беше пробиена од сите страни, Бруно Фернандеш веднаш одговорноста ја префрли и тренерот Мајкл Керик.

„Не ни е првпат лошо да влеземе во натпреварот. Повторно примивме гол многу рано. Не вршевме доволен притисок врз противникот кога ја имаше топката, не се движевме добро кога ние бевме во посед и практично ништо не ни одеше од рака. Кога ќе примите гол толку рано, веднаш се создава чувство како веќе да сте го загубиле натпреварот. Тешко е да се извлечете од таквата состојба, да пронајдете храброст, да ја преземете контролата врз топката и да се обидете да направите нешто. Ако не бидеме способни за тоа, многу тешко ќе излеземе од оваа ситуација“, рече тој, а потоа отиде чекор понатаму:

„Одлуката на стручниот штаб беше да не играме пресинг човек на човек, туку повремено да им оставаме простор, да ги чекаме и да се обидеме да ја освоиме топката. Меѓутоа, кога на таквите екипи ќе им оставите простор, тие добиваат самодоверба“, порача еден од најважните фудбалери на англискиот гигант.