Манчестер јунајтед тужи една од најпознатите видео-игри за користење на името

Англискиот великан Манчестер јунајтед поднесе тужба против една од најпопуларните фудбалски игри на светот, „Фудбал Менаџер“ поради недозволено користење на името на клубот во играта.

Во тужбата Манчестер јунајтед против Сега и СИ навел дека го прекршиле нивниот заштитен знак над логото со тоа што не го ставиле официјалниот грб на клубот, туку само логото на клубот во играта е поедноставен со црвено-бели хоризонтални линии.

Од двете компении кои скоро 30 години вадат подобрена верзија на играта, посочуваат дека досега „црвените ѓаволи“ не се жалеле на употребата на нивното име, па нејасно е што ги поттикнало во моментов, додавајќи дека актуелната употреба на Манчестер јунајтед е „легитимна референца во фудбалски контекст“.