Жена сексуално нападнала НФЛ-играч во авион, тој почнал да бега кон стјуардесите
Играчот се пожалил до стјуардесите дека жената му прави проблеми, но тие не преземале ништо. Во меѓувреме, жената почнала да му ги масира колената, а потоа и нејзината глава ја ставила на неговите нозе.
Мажот потоа ја замолил стјуардесата да направи нешто, по што таа ја предупредила жената дека не треба да се однесува така.
Веднаш потоа жената го фатила за непријатното место, по што мажот скокнал и избегал кон стјуардесите, по што тие ја преместиле жената во друг ред.