Газдата на Пандев во Џенова: Ако не (до)играме ќе нè снајде – апокалипса!
Пандев неодамна објави дека во ваква ситуација каква што е во Италија, коа беше една од најпогодените со Ковид-19, на никој не му е до фудбал и дека сезоната подобро е да биде прекината, со сличен став беа сите во Џенова. Особено што Сампдорија имаше шест заразени фудбалери, а сега после првата рунда тестови – нови тројца. Но, тешки загуби ги чекаат Италијанците ако не доиграат, а тоа е практично – борба за опстанокот.
„Ако не ја завршиме Серија А – ни следи апокалипса! Да кажам катастрофа е преблаго. Јас сакам и се надевам дека сè ќе биде во ред за да може да играме и тоа е најдоброто решение. Подготвени сме да одиме според протоколите, без оглед какви сè работи ќе ни минат низ глава. Но, проблем е ако се игра на неутрален терен. Се посочува централна и јужна Италија, но фудбалерите вее два месеци беа во карантин, а така ќе треба уште два месеци да бидат само во карантин. Тоа е премногу...“, вели Пресиози.