Федерацијата одлучи: Италијанското кошаркарско првенство е завршено!
Италијанската кошаркарска федерација потврди дека првенството е завршено по нецелосното 21-во коло поради пандемијата на коронавирус што најмногу ја погоди оваа земја.
Виртус Болоња беше лидер во шампионатот до паузата, а во изјавата на Кошаркарската федерација на Италија се вели дека во моментов е невозможно сезоната да продолжи.
Засега е непознато дали Виртус ќе биде прогласен за шампион и дали двата последнопласирани тимови ќе бидат преместени во Лига Б.
Со сигурност е само едно, дека нема да има повеќе кошарка во Италија оваа сезона, додека сè уште е неизвесно како ќе заврши фудбалската сезона во Серија А.