Фелаини тренира и во болница: Секој ден се чувствувам сè посилно! (ВИДЕО)

Белгискиот фудбалер Маруан Фелаини се јави од болница во Кина каде што се подготвува за почетокот на сезоната.

Фелаини пред шест дена слета во Кина и веднаш беше испратен во карантин, кога кај него беше откриен коронавирусот.

И додека во Кина заразата полека ја губи битката, а по Европа многу спортисти вежбаат во своите домови, Фелаини реши да ја одржува формата во болница.

Белгиецот објави видео дека ниту во болничка соба нема одмор за него, па планира да тренира и уште седум или осум дена, колку што ќе остане во карантин.

„Ви благодарам за пораките, уште сум во болница, но се чувствувам многу посилно“, напиша Фелаини.