Фудбалот најмногу на удар на Ковид-19: Заразени над 100 играчи и функционери досега

Светската пандемија со новиот вирус Ковид-19 го запре нормачниот живот во светот, па во тешката криза, настрада и спортот, особено најпопуларниот спорт фудбалот, чии првенства се прекинати и под неизвеснот кога ќе продолжат во моментов на галопирачко заболување од овој вирус во многу земји во Европа, а и светот.

Фудбалот од коронавирусот сериозно настрада. Во прекин е буквално сè, а „бубамарата“ се тркала само во Белорусија. И засега има надежи, но тешко дека некој со сигурност може да каже кога ќе се продолжи со сезоната. Финансиската криза веќе затропа во најмоќната спортска индустрија, ама коронавирусот од сите спортови барем засега најмногу го нападна фудбалот.

Од досега заболените, најмногу има фудбалери и фудбалски работници, барем според тоа што истражувале некои медиуми. Португалски „О'Жого' објави дека бројката е над сто, а само во периодот од 17 до 26 март вкупно се заразила 82 лица поврзани со фудбалот.

Дел од играчите не се познати, зашто нивните клубови не ги откриваат идентитетите, а за поголем дел се знае кој се добил коронавирус, иако има и такви што веќе оздравеа

ЗАРАЗЕНИ ФУДБАЛЕРИ

Сампдорија: Коли, Екдал, Ла Гумина, Торсби, Березински, Де Паоли, Барето

Фиорентина: Пецела, Влаховиќ

Верона: Закарањи

Реџана: Фавали

Пјанезе: Удо, Вавасори, Фонтана, Сарини

Пезаро: Тесиоре

Брајтон: неидентификуван фудбалер

Јувентус, Ругани, Матуиди, Дибала

Портсмут: Болтон, Кенон, Реџет, Многанд, Мекори

Ренџерс: Мекори

Падерборн: Килијан

Ајнтрахт: двајца неидентификувани

Херта: Мителштад

Хановер: Хуберс, Хорн

Нирнберг: Нирнбергер

Холштен Кил: Тескер

Троа: неидентификуван играч

Оксер: неидентификуван играч

Валенсија: седум неидентификувани играчи

Елче: Жонатас

Еспањол: Кабрера, Варгас и тројца неидентификувани

Тачавера: Бухгес

Одензе: Лаурсен

Мејжу: Дори

ЗАРАЗЕНИ ФУДБАЛСКИ ФУНКЦИОНЕРИ, ТРЕНЕРИ...

Фиорентина: Дајнели (физиотерапевт)

Сампдорија: Балдари (лекар)

Новара: Руоло (газда)

Виртус Ентела: неидентификувана личност

Астон Вила: Батлер (масер)

Леганес: Ортега (генерален директор)

Алавес: седум члена на управата

Валенсија: Алијага (лекар), Камараса (делегат)

Барселона: Курие (скаут), Канал (лекар)

Жирона: еден менаџер

ФСС: Кокеза (претседател), Пантелиќ (потпретседател)

Интернационал: Модеирос (претседател), Буснело (потпретседател)

Гремио: Болзан (потпретседател), Бобсин, Одерих (потпретседатели), Фернандез (советник)

Лудогорец: Домишијав (газда)

Њујорк сити: еден менаџер