Новиот тренер го извади Ристовски во 24-та минута, па му порача: Тука јас сум шефот!

Македонскиот репрезентативен десен бек Стефан Ристовски одигра само 24 минути за Спортинг, по што беше заменет, па македонската јавност се уплаши дека на нешто повеќе две недели до историскиот меч со Косово се повредил. Но, Ристовски бил заменет тактички и не е повреден, ама заменик-капитенот на Македонија не баш најдобро ја примил замената.

Ристовски во 24-та минута, на средина од првиот дел бил заменет откако противникот останал со два играчи помалку, па новиот тренер Рубен Аморим, кој иако нема никаква лиценца дојде за 10 милиони евра од Брага реши да го замени од тактичка природа. На тоа Македонецот ептен се налутил, па директно си заминал во соблекувалната.

По мечот, Аморим му порача дека тој е шефот и тој ќе кажува што и како, а на фудбалерите е да ја почитуваат секоја нова одлука.

„Мечот беше каков што беше, во исто време и лесно и комплицирано. Ние го избравме покомпликуваниот пат, иако тие што се во фудбалот знаат дека ваквите мечеви може да излезат најкомплицирани иако сте надмоќни. Решив со замена да бидеме поекстремни, а не да бидеме само позиционирани. А, дали фудбалерот (Ристовски – н.з.) се налудил и бил незадоволен? Тоа не е ни прашање. Јас сум е шефот тука и јас решавам, а фудбалерите мора да прифатат сè како нормално. Вакви работи ќе се случуваат“, рече Аморим.