Несторовски без муниција, Удинезе освои бод против Фиорентина

Удинезе никако да излезе од лошата серија, па денеска запиша уште едно реми и тоа против Фиорентина (0-0), кое е четврто по ред за нив во Серија А.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски доби шанса во првиот тим на Удинезе и одигра 62 минути, но тоа не беше доволно за да се запише во листата на стрелци.

Удинезе се наоѓа на 14. позиција со 28 бодови, додека Фиорентина е две места погоре со два бодови повеќе.