Шок на „Сантијаго Бернабеу“: Сити за пет минути до пресврт против Реал
Голот за израмнување го постигна Габриел Жесус во 78. минута, по феноменалната асистенција на Де Брајне, а Белгиецот само пет минути подоцна му донесе водство на Сити со прецизен удар од белата точка.
Претходно, Реал поведе со голот на Иско во 59. минута.