Ветерот му ја украде победата на англиски великан (ВИДЕО)

Двојниот европски првак Нотингем Форес не успеа да победи вчера во последниот меч од Чемпионшип против Квинс Парк Ренџерс и тоа поради – силниот ветер.

Фудбалерите на Нотингем дадоа гол по еден корнер, откако стоперот Џо Ворал погоди со глава, но судијата го поништи голот, зашто при изведувањето на ударот од аголот, ветерот ја потурна топката и на сигнализација на помошникот погодокот не беше признаен.