Ристовски и дефинитивно останува во Спортин Лисабон до 2022 година

Заменик капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски, кој синоќа запиша асистенција во победата на Спортинг Лисабон против турски Истанбул Башахшехир и дефинитивно останува дел од лисабонските „лавови“, откако португалскиот весник „Рекорд“ објави дека практично е завршена работата со продолжувањето на договорот на левиот бек.

Ристовски дојде во Спортинг пред две ипол години од хрватска Риека и има договор до летово, но и клаузула во неа, дека Спортинг ако е задоволен ќе му ја продолжи соработката. Сега раководството на клубот донело одлука дека Ристовски е во плановите и за во иднина, па со тоа македонскиот репрезентативец добива нов двегодишен договор до летото 2022 година со подобрени лучни услови.

„Рекорд“ е португалски весник близок до Спортинг, кој сето ова го објави непосредно пред мечот вчера на „лавовите“ во Лига Европа. Сега се очекува само официјално и формална објава за продолжената соработка со македонскиот репрезентативец.