Ристовски придонесе за убедлив триумф на Спортинг, Франкфурт го прегази Салцбург (ВИДЕО)
Свој придонес во оваа победа имаше и Ристовски кој асистираше при вториот гол за своите, а стрелци за Спортинг беа Коатес, Шпорар и Вието, додека на спротивната страна единствено погоди Висча.
Убедлив триумф пред своите фанови запишпа и Франкфурт, кој беше подобар од Салцбург со 4-1. Стрелец на три погодоци за домаќинот беше Камада, додека еднаш во листата на стрелци се запиша и Костиќ.
Одлична предност пред реваншот обезбеди и Интер на гости кај Лудогорец (0-2), а својот деби погодок го запиша Кристијан Ериксен, додека победата ја потврди Лукаку во судиското продолжение.
На преостанатите натпревари, Клуж ремизираше со Севилја (1-1), исто како Клуб Бриж и Манчестер Јунајтед (1-1), а со истиот резултат заврши и дуелот меѓу Копенхаген и Селтик.
Шахтер со минимална предност од 2-1 патува кај Порто, додека Гетафе има солидна позитива од два гола (2-0) против Ајакс.