Барселона испратила понуда од 100 милиони евра за ѕвезда на Евертон
Каталонците се надевале дека можат да го купат Ришарлисон од Евертон, кој игра одлично во редовите на „карамелите“, но Карло Анчелоти порачал до управата дека сака да го задржи Бразилецот, а тие ја исполниле неговата желба.
Евертон веднаш им одговорил на Каталонците дека Ришарлисон во моментов едноставно не е на продажба.