„Трагедија на Брајант може да се спореди само со таа на Дражен Петровиќ!“

Еден од најдобрите тренери во НБА лигата, Стив Кер, со својот Голден стејт успеа да освои се што можеше во најсилното клупско кошаркарско натпреварување. Исто така може да се пофали и со пет НБА прстени, од кои три со Мајкл Џордан и Тони Кукоч (со Чикаго), како и два со екипата на Сан Антонио.

Сепак, главна тема во американските медиуми изминатите неколку дена е смртта на легендарниот Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа во неделата заедно со уште осум лица. Токму поради тоа Кер беше прашан дали според него ова е најголемата трагедијата која се случила во НБА лигата?

Мислам дека е така. Бевме подеднакво шокирани и кога дознавме дека Меџик Џонсон има ХИВ затоа што во 1991 година мислевме дека може да биде со нас уште само една година. Фала му на Бога, Меџик сè уште е жив, среќен и исполнет.

Но, доколку зборуваме за оние кои повеќе ги нема, и смртта на Дражен Петровиќ во 1993 година е иста како оваа на Коби Брајант. Коби е еден од најголемите досега. И за Дражен и за Коби, не можете да верувате дека се случи тоа, не ми дава да се помирам со тоа дека се случила таква трагедија, истакна Кер.