Оливие Жиру пред комплетирање на „лондонски хет-трик“

Оливие Жиру очигледно нема иднина во таборот на Челси, бидејќи изминатата полусезона Френк Лампард воопшто не го користеше искусниот Французин. 

Голгетерот е решен да си замине до „Стемфорд Бриџ“, но пропаднаа преговорите за негова преселба во Интер. Новите шпекулации велат дека Жиру останува во Премиерлигата, поточно останува и во Лондон, но ќе игра за Тотнем.

Очигледно е дека главниот град на Англија е неговото вистинско место, бидејќи е пред комплетирање на „лондонски хет-трик“, односно ќе игра за три клуба од овој град. Во 2012 година од Монпелје се пресели во Арсенал, а во 2018 година го облече синиот дрес на Челси.

Ако навистина заигра и за Тотнем, ќе биде еден од ретките кои играле за сите три најголеми клубови од Лондон.