Реал Мадрид го блокираше трансферот на Себалјос

Според пишувањата на шпанска „Марка“, која е добро запознаена со случувањата во фудбалскиуот клуб Реал Мадрид, раководството на „Кралевите“ одбило да го отстапи Дани Себалјос во екипата на Валенсија.

Шпанскиот играч од средниот ред веќе е непожелен во Арсенал, па и двете страни посакуваат што побрзо ниваната соработка да заврши. Од „Местаља“ го посакуваат играчот од средниот ред, кој исто така се согласи да го носи „бело-црниот“ дрес.

Но, „Марка“ тврди дека Реал не сака да засили директен ривал во Ла Лига. Од „Сантијаго Бернабеу“ претпочитаат Себалјос да игра во Бетис до крајот на сезоната, каде што воедно беше пред да замине во Реал во 2017 година за 17 милиони евра.