Селадес потврди: Точно е, Барселона преговара со наш фудбалер

Тренерот на Валенсија, Алберт Селадес јавно призна дека Барселона е во официјално преговори со клубот за Родриго Морено. 

Напаѓачот стана прва трансфер-цел за Каталонците оваа зима по тешката повреда на Луис Суарез, кој мораше да оди на операција на коленото. 

„Родриго е фудбалер, кој може да направи разлика и затоа Барселона го сака во своите редови. Сите знаеме дека има преговори помеѓу двете страни и нема да го криеме тоа“, изјави Селадес.