Лоша вечер за Хрватите: По ракометното злато останаа и без бронзата во ватерполо!

Ватерполистите на Црна Гора триумфираа против Хрватска со 10-9, иако на полувреме имаа негатива од 4-8, па така го освоија бронзениот медал на Европското првенство.

Хрватска имаше одличен старт на натпреварот, па по кратко време поведоа со 3-1, по што Црна Гора преку Драган Драшковиќ намали на 2-3, но потоа „коцкестите“ тоа го казнија и избегаа на 6-2.

До крајот на полувреме прецизни беа Александар Ивовиќ од едната стран и Лорен Фатовиќ од другата, па Хрватите наскоро создадоа предност од 8-4.

Сепак, Црна Гора со головите на Драшковиќ, Ивовиќ и Бргуљан успеа да намали на 7-8, по што имаше два напади за израмнување, но не ги искористи, пред да погоди Фатовиќ за 9-7.

На нешто повеќе од 60 секунди пред крајот, Владан Спаиќ погоди за 9-9, по што следеше прекршок во напад на хрватска, а потоа и проектил на Ивовиќ за конечни 10-9.