Шампионот лесно го освои Куманово, Гостивар рутински го „преплива“ Вардар

Ако некогаш Куманово беше тешко освоива тврдина за кошаркарските противници, денеска екипата на МЗТ Скопје мина без никакви проблеми на гостувањето кај Кумановци за десетта победа во Суперлигата.

„Металците“ до победата од 73-60 дојдоа благодарение на третата четвртина која ја добија со 17-9 и впрочем направија предност од плус 15 (61-46), а во послендите десет минути одиграа рутинирано за нов триумф со кој остануваат при врвот на табелата. Најефикасен кај актуелниот шампион беше Бојан Крстевски со 20 поени.

Очекувана победа забележа и Гостивар, кој со 77-68 славеше на домашен терен против екипата на Вардар. Ова за гостиварци е десетта победа во домашното првенство, а до неа дојдоа благодарение на одличните Џелетовиќ и Доналдсон кои вкупно запишаа 39 поени.