Голема реконструкција во Баерн - сите ѕвезди ќе добијат клоца!
Минатото лето, клубот од Минхен го напуштија Арјен Робен и Франк Рибери, а оваа сезона по нивниот пат можат да тргнат и долгогодишните клупски ѕвезди како Мануел Нојер, Дејвид Алаба, Тијаго, Хави Мартинез, Жером Боатенг и Томаш Милер. Сите шестмина имаат договори со клубот за уште една и пол година.
Со често повредениот Боатенг тие изгубија трпеливост во клубот, формата на Мартинез е во голем пад, а Тијаго го нема во важните натпревари и има голема конкуренција на тимот, пишува „Билд“.
Самиот Милер сака да си замине затоа што е незадоволен од неговиот статус, Алаба сакаше да си замине, но се премисли, а Баварците имаат голем проблем со Нојер затоа што е несреќен што го донесоа Александар Нибел од Шалке.
Отпишани се и Иван Перишиќ и Филипе Кутињо, кои играат на позајмица во Баерн и чии договори од Интер и Барселона нема да бидат продолжени од страна на германскиот шампион, а истите истековаат на крајот од сезоната.