Натпреварот помеѓу МЗТ Скопје и Сутјеска за малку немаше да го доживее својот крај, откако судиите во два наврати побараа прво отстранување на навивачката група „Фемили“, а потоа и празнење на целата сала.

Причина за ова беа неколкуте скандирања на сметка на делителите на правдата, кои го налутија првиот судија Јурас, па тој влезе во директна војна со присутните во „Јане Сандански“. Првиот пат паузата траеше 20-тина минути, по што „Фемили“ се повлече од своите место, но по неколку минути тој побара целосна да се испразнат трибините, што набрзина се случи, па средбата се одигра до крај.